Објавени дел од барањата на ЕУ во преговорите за Брегзит

Од:

Велика Британија во годините по Брегзит да продолжи да ги плаќа обврските кон Европска Унија, да остане под јурисдикција на судовите на ЕУ и да им дозволи на членовите на семејствата на европските мигранти да се населуваат во Обединетото Кралство, се наведува во документот на главниот преговарач на Унијата. Мишел Барние, кој ќе ги почне преговорите за условите за Брегзит по предвремените избори на 8 јуни.

Според дипломатски извори, клучните елементи од документот на Барние покажуваат дека Брисел ќе ги брани правата на трите милиони Европејци, кои живеат во Велика Британија, дека нема да му се простат финансиските долгови на Лондон и дека ќе инсистира се остане под јурисдикција на Судот во Луксембург.

Во документот не се наведува колку должи Велика Британија, иако министрите од Владата на Тереза Меј претходно ја оспорија сумата од 60 милијарди евра која ја споменаа некои претставници на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година