Чешката полиција објави неверојатно видео од разорното торнадо што го добиле од жителите на Лужица, местото каде торнадото уништи 120 куќи, пишува Blesk.cz.
– Неверојатна, автентична снимка од Лужица. Ни го даде еден од мештаните со навистина челични нерви. Благодарност. Радован ти си храбар човек! – напиша чешката полиција на Твитер.
Neuvěřitelně autentické video z Lužic. Naší hlídce ho dnes přinesl jeden z místních obyvatel s opravdu pevnými nervy ?. Díky za něj, Radovane, jste statečný muž! ? pic.twitter.com/VJAd5gPli4
— Policie ČR (@PolicieCZ) June 25, 2021
Видеото прикажува апокалиптична сцена, како торнадо уништува сè пред себе, но може да се слушне и како некој вика дека работите летаат и му кажуваат на друго лице да се скрие, објави „Јутарњи лист“.
Во невремето што во четвртокот ја погоди Чешка, загинаа пет лица, а околу 200 беа повредени.
Pro některé práce s posledními slunečními paprsky končí, pro nás začíná nová směna. I dnes v noci budeme v postižených obcích střežit majetek a techniku, aby se zítra ráno mohlo pokračovat v úklidu. pic.twitter.com/2Qs1YohJE7
— Policie ČR (@PolicieCZ) June 26, 2021
Според извештајот на чешката телевизија, меѓу жртвите е и бремена жена од соседна Словачка, чие неродено дете исто така починало.
Стотици згради беа делумно или целосно уништени во седум градови во јужна Моравија. Според проценките на метеоролошката служба, торнадото уништи област широка 500 метри и долга 26 километри.