Обидите за илегален премин на Ла Манш се зголемија за 68 отсто во првата половина на 2022 година

Од:

Бројот на обиди на мигранти илегално да го преминат Ла Манш за да стигнат до Англија значително се зголеми во првата половина на 2022 година по веќе рекордната 2021 година, соопшти денеска француското МВР.

Помеѓу 1 јануари и 13 јуни 2022 година имало 777 случаи на преминување или обид за преминување на Ла Манш со мали чамци, во кои биле вклучени 20.132 мигранти, што претставува 68 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година, соопшти Министерството во време кога на британска страна се заострува мигрантската политика.

Во 2021 година, обидите да се премине главно со гумени чамци од северниот брег на Франција меѓу Кале и Данкерк достигна „рекорд“ од 52.000 луѓе кои се обиделе и 28.000 кои успеале, според податоците на Министерството во јануари.

Министерството соопшти дека стапката на спречени обиди постојано се зголемува и дека 61,39 отсто од обидите за преминување преку морето биле спречени, што е за 4,2 процентни поени повеќе од 2021 година и дека од почетокот на годината биле приведени 10.090 лица, што е пораст од 65 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Франција: Пет лица загинаа во ладните води на Ла Манш

Горан Наумовски

Над 45.000 луѓе годинава илегално го преминале Ла Манш

Тројца загинати откако во Ла Манш се преврте мал брод

А1он

Во тек е спасувачка акција во Ла Манш, се преврте мал брод

А1он

Илјада мигранти викендов го преминаа Каналот Ла Манш, спасени уште неколку стотици

Повеќе од 360 мигранти спасени во Ла Манш

Ана Ололовска