Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Од:

38-годишен маж е уапсен и ќе се соочи со обвинение откако наводно ја запалил официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро, соопштија властите. Коди Балмер се соочува со обвиненија за обид за убиство, тероризам, подметнување пожар и тежок напад.

Апсењето дојде неколку часа откако Шапиро, кој често се споменуваше како можен иден кандидат за Белата куќа, беше разбуден среде ноќ од властите кои тропаа на неговата врата поради пожар кој брзо се шири.

На прес-конференција, Шапиро рече дека е „очигледно емотивен“ додека раскажуваше што се случило. Тој и неговото семејство успеале да се евакуираат неповредени, но нивниот дом во главниот град Харисбург e сериозно оштетен.

„Нема да дозволам да бидам затворен во окови што некој се обиде да ми ги стави со напад врз нас синоќа“, изјави Шапиро за новинарите.

Само неколку часа пред пожарот, гувернерот и неговото семејство биле дома и ја прославувале првата вечер на еврејскиот празник Пасха.

Заменик-началникот на полицијата Џорџ Бивенс изјави дека осомничениот имал импровизирана запалива направа и дека е уапсен во областа Харисбург. Властите веруваат дека Балмер ја прескокнал оградата околу резиденцијата на гувернерот и успеал да влезе во куќата, каде што запалил пожар. Истрагата се уште е во тек.

Според фотографиите од куќата, внатрешноста е речиси целосно уништена, се е покриено со црн пепел, а на изгорената маса се уште стојат неколку чинии. Властите потврдија дека пожарот, кој на крајот бил изгаснат, предизвикал „значителна штета на дел од резиденцијата“.

Би можело да ве интересира

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он