Обид на Берлускони за зачувување на единството на неговата партија пред гласањето доверба на Владата

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се обидува да го зачува единството на неговата конзервативна партија Народ на слободата (ПДЛ) пред утрешната парламентарна седница на која ќе се решава судбината на Владата на Енрико Лета.

Извори од левоцентристичката Демократска партија (ПД) на Лета соопштија дека е можно тој да се откаже од барањето за изгласување доверба во Парламентот и да му ја врачи својата оставка на претседателот Џорџо Наполитано, доколку процени дека нема да добие парламентарна поддршка.

Одлуката на Лета ќе зависи од развојот на настаните ПДЛ, која е на работ на расцеп, откако 77-годишниот Берлускони во текот на викендот ги повлече своите министри од коалициската Влада со блокот на Лета.

Политичките тензии во Италија за зголемија откако во август Берлускони беше осуден за даночна измама, што може да доведе до одземање на неговиот пратенички мандат. Тој повеќепати се закануваше дека ќе ја урне Владата на Лета и ќе предизвика предвремени избори, доколку му биде одземено неговото сенаторско место. Сосотјбата дополнително се усложнува поради неизвесноста околу резолтатот од можното гласање доверба во Парламентот.

Неофицијално, околу 20 пратеници на ПДЛ размислуваат да се одвојат во посебна парламентарна група и да ја поддржат Владата на Лета.

ПД на Лета има мнозинство во Долниот дом на Парламентот, но во Сенатот ќе и треба поддржка од речиси 20 Сенатори од ПДЛ или од некои други партии.

Лета изјави дека добивањето доверба во Парламентот со „само со неколку гласа мнозинство“ нема да биде доволно за да може да ги изврши реформите и да ги контролира државните финансии.

Секретарот на ПДЛ, Анџелино Алфано, кој е втор по важност човек во партијата по лидерот Берлускони, ги повика пратениците да се изјасната за доверба на владата на Лета.

Ваквото барање на Алфано е противречи со ставот на Берлускони, кој во саботата повика на напушатање на Владата. – Останувам цврсто убеден дека нашата партија утре треба да му изгласа доверба на Лета, изјави Алфано.

Сенаторот од редовите на ПДЛ Карло Џованарди изјави дека околу 40 челнови на Сенатот од оваа партија го поддржуваат Кабинетот.

– Решени сме да го зачуваме балансот во Владата и затоа ќе и изгласаме доверба. Можно е утре целата наша партија да гласа за доверба. Имам почувствувано дека тоа се нагласува од дискусиите, додаде тој.

Извори од ПД соопштуваат дека Лета утре ќе зборува пред Парламентот, но одлуката дали ќе побара официјално галасање доверба или ќе поднесе оставката ќе ја донесе по расправата по неговиот говор.

Со најголем интерес, сепак, ќе се следи однесувањето на секретарот Алфано, кој речиси ги прекина своите односи со шеф Берлускони, поради повлекувањето на министрите од Владата.

– Алфано ќе е најбитен. Ако тој си замине, другите ќе го следат. Ако остане, ќе има само грст пратеници што ќе се отцепат, изјави поранешен десноцентристички министер.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски