Претседателот на САД, Барак Обама го зголеми водството за еден процент во однос на својот против-кандидат Мит Ромни, по националите конвенции на двете партии.
Според истражувањето на Ројтерс и Ипсос спроведено по конвенциите на двете партии, демократите водат со 47 наспроти 43 проценти од гласовите.
Во истражувањето кое е спроведено меѓу 1.457 гласачи, 50% од нив рекле дека Обама бил поелоквентен од Ромни.
Анкетираните рекле дека Обама подобро би ја претставил Америка и дека има подобри ставови. Ромни добил поголема поддршка само на прашањето кој е поголем верник.