Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани го обвини претседателот на САД, Барак Обама и неговата администрација дека не направиле доволно за жртвите од ураганот Сенди.
Тој го обвини Обама и за загинувањето на четворицата американски дипломати и службеници во амбасадата во Либија.
„Не знам што прави Обама во Невада, додека и понатаму откриваат мртви во Њујорк. Сигурно нема да ги најде на Средниот Запад“, рече Џулијани на гостувањето на CNN, откако говореше на предизборниот собир на Мит Ромни во Охајо.
Некогашниот прв човек на Њујор вели дека Обама можеи следел што се случувало првите денови, но сега кога има километарски долги редови пред бензиските и кога сеуште се откриваат тела во Њујорк, претседателот не е повеќе врховен командант, туку врховен водач на кампања.
На прашањето на новинарите зошто нема остар став и кон Ромни, Џулијани одговори дека кандидатот на републиканците нема своја одговорност по ова прашање.
„Се чувствувам прилично навреден, додека гледам како претседателот води кампања, додека луѓето патат“, рече поранешниот градоначалник на Њујорк.
Тој го критикуваше Обама и поради загинувањето на дипломатите во Либија, оценувајќи дека некогашниот републикански претседателски кандидат од 2008-та Џон Мекеј не би дозволил да се случи таков напад.
„Не можам да замислам Мекејн да не испрати американски војници најбрзо што може, негрижејќи се што Либија ќе мисли за тоа. Тоа се случува кога ќе изберете претседател на Америка кој не е подготвен да ја води земјата“, заклучи Џулијани.