Обама убедливо води во Вирџинија

Од:

Претседателот на САД и кандидатот на демократите, Барак Обама убедливо води во однос на својот ривал, Мит Ромни во Вирџинија, една од државите кои можат да ги одлучат изборите.

„Вашингтон Пост“ во денешното издание ги пренесува податоците од последното истражување, според кои, Обама води со 52 наспроти 44% меѓу гласачите.

Весникот оценува дека Ромни тешко ќе дојде до 270 електорски гласови неопходни за победа во трката за место во Белата куќа, ако не ја добие Вирџинија. Се проценува дека покрај Охајо и Флорида, Вирџинија ќе биде една од државите од која ќе зависи исходот од претстоечките претседателски избори.

Вирџинија носи 13 електорски гласови, а според правилата на претседателските избори, оној кандидат кој во една сојузна држава ќе освои поголем број гласови, ги добива сите електорски гласови.

Анкетата е направена пред да се појави тајно снимениот видео клип, во кој Ромни вели дека 47% од Американците кои го поддржуваат Обама „глумат жртви и чекаат помош од владата“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак