Американскиот претседател Барак Обама изјави синоќа дека размислува да назначи посебено лице кое ќе ја координира борбата против вирусот ебола во САД.
Тој рече дека „во принцип не е против“ воведувањето забрана за патување на лица во погодените држави од болеста во Западна Африка ако биде гарантирана нивната бебзедност. Но, според експерти таква забрана би била помалку ефикасна од мерките што се преземаат во моментот, рече Обама.
Повиците кон Обама за времена забрана идат главно од републиканците според кои, ширењето на заразата во Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија предизвикува голема закана за патување.
Претседателот Обама потпиша наредба со која им се дава право на Пентагон да мобилизира резервисти и припадници на Гардата доколку биде неопходно да земат учество во акции на САД против заразата во Западна Африка.