Претседателот на САД Барак Обама денеска преку видео конференциска врска ќе разговара со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Италија за епидемијата на ебола во Западна Африка, како и други меѓународни прашања, соопшти Белата куќа.
Обама со европските лидери ќе разговара и за борбата против „Исламска држава“ во Ирак и во Сирија, и напорите да се поттикне Русија да го применува договорот од Минск за прекин на огнот во Украина.