Обама смета дека е рано да се даде зелено светло на експерименталниот лек против Ебола

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека недостигаат доволно информации за да се даде зелено светло на експерименталниот лек против смртоносниот вирус Ебола и дека првичниот одговор треба да биде насочен кон мерки во јавното здравство за запирање на вирусот.

– Знаеме дека вирусот Ебола може да биде запрен, ако постои стабилно јавно здравство, изјави Обама и додаде дека погодените земји треба да признаат дека нивните здравствени системи биле неподготвени, бидејќи не успеале да ја идентификуваат болеста и да ги изолираат доволно брзо заболените.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација епидемијата на Ебола во Западна Африка однесе 932 жртви од вкупно 1.711 регистрирани случаи на заболени.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација