Обама се обрати кон војската на САД, откако американски државни агенции започнаа да ја запираат работата

Од:

Американскиот претседател Барак Обама им рече на војниците дека ќе вложи напори да го натера Конгресот да постигне обновување на работата на владините агенции во САД, колку што е можно поскоро.

Обама се обрати кон војниците во видео порака, откако Конгресот го пропушти крајниот рок, до кој можеше да биде спречен прекинот на работата на владините служби.

Тој им рече на војниците дека нивната служба продолжува во нормален режим и оти потпишал закон, што го гарантира навременото исплаќање на нивните плати.

Според него, операциите во Авганистан и на други места ќе продолжат.

Обама истакна, меѓутоа, дека може да се наложи цивилните службеници на Министерството за одбрана да одат на принуден одмор.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак