„САД се подготвени да помогнат за прекин на огнот, помеѓу Израел и Хамас“ рече американскиот претседател, Барак Обама во телефонски разговор со израелскиот премиер Бењамин Нетанијаху.
„Асошиејтед прес“ повикувајќи се на соопштение од Белата куќа пренесе дека Обама го осудил рекетирањето и рекол дека Израел има право на самоодбрана, но и апелирал до двете страни да се обидат повторно да воспостават прекин на огнот.
Тој исто така изразил загриженост поради затворање и насилство над еден американски тинејџер со палестинско потекло, од страна на израелските власти.
Е. Г.