Обама: САД ја прошируваат воената кампања против Исламската држава

Од:

Американскиот претседател Барак Обама најави дека САД ќе ја прошират воената кампања со напади од воздух врз борците на исламистичката група Исламска држава, без разлика каде и да се наоѓаат тие.

Обама сепак истакна дека проширувањето на кампањата ќе биде спроведено долж ирачката граница и со цели на Исламска држава во Сирија.

Во директно телевизиско обраќање до нацијата Обама потенцира дека САД нема да се колебаат да ги нападнат борците на Исламската држава во Сирија и нема да дозволат тие да најдат безбедно засолниште.

Американскиот претседател најави дека САД ќе предводат широка коалиција со цел да ја ослабнат, а потоа и целосно уништат Исламска држава.

Активностите на САД во борбата против исламистите не предвидуваат испраќање на војници за копнени акции, истакна Обама.

Сепак во Ирак ќе бидат испратени дополнителни 475 американски војници, што ќе бидат поддршка на ирачката армија во борбата против терористите и ќе се грижат за безбедноста на американските дипломати.

Во Ирак веќе се распоредени над 1.000 американски војници.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски