Обама: Резолуцијата на ОН за Сирија „огромна победа“ за светот

Од:

Претседателот на САД Барак Обама ја поздрави нацрт-резолуцијата на ОН, која предвидува уништување на сирискиот хемиски арсенал како „огромна победа“ за меѓународната заедница.

Обама, меѓутоа, изрази загриженост околу тоа дали сириската Влада ќе се придржува до обврските за своето хемиско оружје.

– Тоа е нешто што одамна го баравме, рече Обама по средбата со индискиот премиер Манмохан Синг во Белата куќа.

Американскиот претседател ја поздрави резолуцијата и плановите за уништување на сирискиот хемиски арсенал како „правно обврзувачки“, која ќе мора да се спроведе и која предвидува последици доколку Сирија не се придржува кон нејзините услови.

Тој додаде дека е оптимистичен кога станува збор за тоа што таа резолуција би можела да постигне, но и дека сфаќа оти постои загриженост во поглед на тоа како ќе се спроведе.

Петте постојани членки на СБ на ОН – Велика Британија, Франција, САД, Русија и Кина, се договорија за нацрт-обврзувачка и применлива резолуција.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро