Најновата анкета на “Њујорк тајмс” и “Си-Би-Ес” покажува дека Барак Обама има “комотна” предност од осум одсто од вкупниот број на гласача во однос на републиканскиот кандидат Мит Ромни.
По завршувањето на партиските конвенции и пред изборите, анкетите на „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-Ес“ покажуваат дека Барак Обама би освоил 51 одсто од гласовите во однос на 43 одсто на републиканскиот кандидат Мит Ромни.
Иако има се уште простор за промена на резултатот, „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-Ес“, тврдат дека нема да има позначајни промени, бидејќи спрема нивните анкети, 86 одсто од гласачите кажале дека веќе се определиле.