Обама повика на единство во Нигерија по историските избори

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ги повика победникот и поразениот од претседателските избори во Нигерија да работат заедно на обединување на земјата, пренесоа американските медиуми.

Обама одделно зборуваше со новоизбраниот претседател Мухамаду Бухари и со неговиот претходник, кој ги  загуби изборите, Гудлак Џонатан.

Обама го пофалил Џонатан за тоа што народот и земјата ги ставил на прво место, повикувајќи ги неговите приврзаници да го прифатат резултатот од изборите, посочи Белата куќа.

Во разговорот со Бухари, пак, американскиот претседател му заблагодарил на новоизбраниот нигериски колега за тоа што го поттикнувал мирот и мирното гласање.

Обама ги потенцира предизвиците што се наоѓаат пред Нигерија, вклучувајќи ја и заканата од екстремистичката група Боко Харам и вети дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат земјата. 

Би можело да ве интересира

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји