Американскиот претседател Барак Обама го повика вчера Конгресот да одобри формирање на фонд од 6,18 милијарди долари за борба против еболата, пред конгресмените да се повлечат на одмор по две недели.
Во обраќање во Националниот институт за здравство во предградието на Вашингтон, Бетесда тој истакна дека стратегијата на САД веќе почнува да дава резултати, но претстои уште многу да биде сторено.
– Не можеме едноставно да се бориме против таа епидемија, треба да ја ликвидираме, додаде американскиот претседател.
Во меѓувреме во Централната болница Масачусет во Бостон е примен пациент во специјално изготвен изолатор, соопштија претставници на болницата и нагласија дека дијагнозата се уште не е потврдена.
Според последните информаци на Светската здравствена организација досега од ебола починаа 6.070 лица, а заболени се 17.145.