Обама: Пјонгјанг ќе се соочи со решителен одговор ако изврши нова нуклеарна проба

Од:

Северна Кореја ќе се соочи со решителен меѓународен одговор, ако изврши нова нуклеарна проба, предупреди американскиот претседател Барак Обама во интервју за јужнокорејскиот весник „Чeoнан Iлбо“.

Обама денеска пристигна во дводневна посета на Сеул, во рамките на својата азиска турнеја, што започна со посетата на Јапонија. Американскиот претседател ќе ги посети и Малезија и Филипините.

Целта на посетата на Обама на Јужна Кореја е да му изрази уверување на Сеул дека САД не се откажуваат од вршењето притисок врз Пјонгјанг за прекин на напорите за создавање на нуклеарно оружје.

Северна Кореја изминатите неколку недели ги засили провокациите, објавувајќи дека подготвува нов нуклеарен тест.

Пјонгјанг досега има извршено три нуклеарни тестирања, во 2006, 2009 и во февруари 2013 година. Ваквите тестови се забранети од ОН.

Обама по пристигнувањето во Сеул положи цвеќе пред Меморијалниот центар на жртвите од Корејската војна.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски