Обама: Отпорот во Конгресот за иранскиот договор е од партиско-политички причини

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека републиканските конгресмени автоматски се против иранскиот нуклеарен договор, бидејќи на документот стои неговото име.

Пред гласањето во Конгресот следниот месец, Обама вчера во неколку интервјуа ги отфрли критиките на републиканското мнозинство, додавајќи дека „нивниот отпор кон договорот со Техеран нема ништо заедничко со содржината на документот“.

– За жал голем дел од Републиканската партија, речиси и целото мнозинство од републиканските претставници во Конгресот, ќе бидат против се што правам јас, без разлика што и да е тоа, истакна американскиот претседател.

Засега само 34 демократски членови на Претставничкиот дом се изјасниле дека ќе го поддржат договорот, како и 17 сенатори од Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ