Операциите на американските специјалци извршени во крајот на минатата недела во Либија и Сомалија биле одобрени лично од претседателот Барак Обама, изјави портпрол на Белата куќа.
– И покрај тоа што биле изведени истовремено, операциите биле одобрени и раководени одделно. Рокот за извршување такви операции зависи од командирите на групите, така што совпаѓањето било случајност, додаде Џеј Карни.
Тој потврди дека е уапсен Абу Анас ал Либи, еден од командантите во Ал Каеда, но не кажа каде се наоѓа во моментот. Карни не одговори и на прашањето дали Обама е разочаран од неуспешната оепрација за апсењето на лидерот на Ал Шабаб, Абдулкадир Мохамед Абдулкадир.