Обама ќе организира меѓународна мрежа против тероризам

Од:

Американскиот претседател Барак Обама, на престојниот состанок за екстремизам во Вашингтон, сака да организира меѓународна мрежа против тероризмот.

По нападот во Приз и Копенхаген и убиството на 21 египетски Копти во Либија, американската влада од денес до четврток ќе биде домаќин на собирот на експерти за екстремизам.

Како што наведе Белата куќа, Обама ќе предложи да се вложат поголеми напори за блокирање на радикализацијата, регрутирање на млади за џихад и поттикнување на насилство.

-Сакаме да огранизираме голема мрежа за борба против насилниот екстремизам – рече неименувано официјално лице од администрацијата на Обама.

Инаку на собирот ќе присуствуваат и претставници на Европската унија, како и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски