Обама ќе одржи состанок со министрите за одбрана на 20 земји за борбата против исламистите

Од:

Претседателот на САД Барак Обама и командантите на американската војска денеска во Вашингтон ќе одржат состанок со министрите за одбрана на над 20 земји во светот, кои учествуваат во борбата против џихадистите од Исламска држава во Сирија и Ирак.

На состанокот ќе присуствуваат највисоки воени претставници на арапските земји кои се приклучија на нападите на САД на ИД, вклучувајќи ја Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, европските земји како Велика Британија и Франција, како и Турција, клучен сојузник на НАТО, која граничи со Ирак и Сирија.

Обама на состанокот ќе се обиде да и докаже на американската јавност и на сојузниците дека е посветен на планот на „уништување“ на ИД, милитантна група која веќе зазеде големи делови на Ирак и Сирија.

Според податоци на ОН, поради борби во Анбар, дури 180.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, бегајќи пред борците на ИД.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски