Обама ќе ја претстави стратегијата за борба против ИД

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ќе ја претстави вечерва стратегијата за „ослабнување и во краен случај уништување“ на терористичката организација „Исламска држава“, која дејствува во Ирак и во Сирија, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Тој истакна дека Обама е уверен оти спротивставувањето на исламистичките борци е прашање од првостепена важност за националната безбедност на САД.

Претседателот ќе ги изнесе плановите во телевизиско обраќање кон нацијата, кое ќе го направи од Белата куќа во 21 часот според времето во Вашингтон.

Се очекува планот да содржи масовни контратерористички акции за уништување на џихадистичката групација, кои ќе бидат надвор од рамки на сегашната ограничена мисија, чија цел е преку воздушни напади да се заштитат американските интереси во Ирак и да се олесни хуманитарната криза.

Обама ќе го повтори и повикот кон Конгресот на САД да го одобри планот во вредност од 50 милиони долари за вооружување и обучување на сириските бунтовници.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски