Обама ја повика Северна Кореја да се откаже од агресивното однесување

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја повика Северна Кореја да се откаже од агресивното однесување и даде уверување дека САД ќе преземат одбранбени мерки, доколку тоа е потребно.

– И двајцата сме согласни дека дојде време Северна Кореја да му стави крај на агресивното однесување, изјави Обама по средбата во Белата куќа со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Кин-мун.

– Никој не сака да види конфликт на Корејскиот Полуостров, но важно е како за Северна Кореја, така и за сите земји во светот да ги почитуваат основните правила, додаде Обама во врска со секојдневните закани на режимот во Пјонгјанг кон САД и Јужна Кореја.

Обама нагласи дека ќе се работи во насока на обид некои од тие проблеми да е решат со дипломатски средства, но напомена дека ќе ги преземе сите потребни мерки за заштита на американските граѓани и за почитување на ангажманите во рамки на сојузите склучени со регионите.

Бан Ки-мун изрази голема загриженост поради тензиите на Корејскиот Полуостров. Тој ги повика соседните земји, вклучувајќи ја и Кина, кои би можеле да влијаат врз Северна Кореја, да преземат мерки со цел да придонесат ситуацијата да се реши по мирен пат.

Бан, кој е Јужнокореец, ги поздрави „примерниот одговор“ на СД кон заканите на Северна Кореја и солидарноста на Вашингтон кон Сеул.

Северна Кореја, која изминатите месеци ја зајакна воинствената реторика, распореди на источното крајбрежје две ракети Мусудан, кои теоретски имат дострел до четири илјади километри. Нивното евентуално истрелување може да се случи на 15 април или да се совпадне со посетата на Сеул на американскиот државен секретар Џон Кери и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, предвидена за денеска.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев