Обама и Камала Харис ги критикуваа потезите на администрацијата за време на вториот мандат на Трамп

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама и потпретседателката Камала Харис ги критикуваа неодамнешните потези на администрацијата за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп.

Обама, кој беше претходник на Трамп во неговиот прв мандат, остро ги критикуваше напорите на актуелниот претседател за преобликување на федералната влада, заострување на мерките против мигрантите и, како што рече, заплашување на медиумите и претставниците на судството, наведува Си-Ен-Ен.

„Замислете да направам нешто од тоа. Незамисливо е актерите кои сега молчат да толерираат вакво однесување од мене или од моите претходници“, рече Обама на собирот во колеџот Хамилтон.

Тој додаде дека не мисли дека новите царини на Трамп ќе бидат добри за Америка, но посочи дека е уште позагрижен поради, како што рече, кршење на правата од страна на Белата куќа.

„Длабоко сум загрижен што федералната влада им се заканува на универзитетите доколку не се откажат од студентите да го искористат своето право на слободен говор“, рече Обама.

Во видео обраќањето на Самитот на жени лидери, Камала Харис исто така ги критикуваше потезите на Трамп по враќањето во Белата куќа, велејќи дека тие се главно предвидливи.

Таа додаде дека неговото враќање во Овалната соба создало големо чувство на страв.

„Гледаме организациите како молчат, луѓето капитулираат пред неуставните закани. Тоа е она на што сме сведоци во нашата земја секој ден во последните неколку месеци, а тоа, разбирливо, предизвикува многу страв“, заклучува Харис.

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

ВИДЕО: Како трошите една милијарда долари и губите – Демократите бараат одговори

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател