Американскиот претседател Барак Обама го предложи Метју Барзен, финансискиот директор на неговата предизборна кампања минатата година, за амбасадор на САД во Велика Британија, соопшти денеска Белата куќа.
Барзен беше американски амбасадор во Шведска до 2011 година, кога стана финансиски директор на претседателската кампања на Обама. Доколку неговата номинација биде прифатена од Сенатот, тој во Лондон ќе го замени амбасадорот Луис Сасман, уште еден од блиските соработници на Обама кој собирал финансии за демократите. Сасман поднесе оставка од оваа функција претходно оваа година.
За амбасадор на САД во Италија и Сан Марино е предложен Џон Филипс, кој исто така собрал стотици илјади долари за кампањата на Обама минатата година.