Обама го потпиша контраверзниот закон за трговија со Русија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот со кој се проширува трговијата со Русија, но и со кој може да се влошат односите меѓу двете земји, поради делот кој се однесува на наводниот лош третман на Русите кон десидентите.

Поздравајќи го подобрувањето на трговските врски, Русија се закани со реципрочни мерки во делот на законот кој се однесува на санкционирање на официјални лица од Москва кои наводно кршеле човекови права.

Русите најавија можност од санкции кон официјалните лица на САД обвинети дека кршеле човекови права во Авганистан, Ирак и на други места.

Американскиот сенатор Џон Мекејн, главен поборник на вклучувањето на човековите права во овој закон, вели дека на рускиот народ ќе му се помогне со тоа што на претседателот Владимир Путин му се испраќа сигнал дека кршењето на човековите права нема да биде толерирано.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина