Обама ги повлекува војниците од Западна Африка распоредени за помош на регионот за справување со еболата

Од:

Американскиот претседател Барак Обама објави синоќа дека ќе издаде наредба до 30 април за повлекување на речиси сите 1.300 американски војници кои се распоредени во западна Африка за борба со епидмијата на ебола.

Во соопштение од Белата куќа се вели дека администрацијата е охрабрена од информациите  дека се намалува бројот на заболени во тој регион, но е загрижена поради нови случаи на заболени во Гвинеја.

Околу 100 американски војници ќе останат во Либерија за да продолжат со помош за локалните власти. САД испратија вкупно 2.800 свои војници во западноафрикански држави. Од нив 1.500 се веќе вратени во државата.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул