Обама благодарен на Папата и длабоко ја цени заедничката соработка

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изрази денеска благодарност на папата Бенедикт Шеснаесетти, истакнувајќи дека со својата сопруга Мишел, во името на Американците, се моли за поглаварот на Римокатоличката црква.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Обама се сеќава на топлата средба со папата Бенедикт Шеснаесетти во 2009 година и оти длабоко ја цени заедничката соработка во текот на последните четири години.

Претседателот на САД истакна дека црквата игра важна улога во САД ширум светот, упатувајќи најдобри желби на оние кои наскоро ќе одлучуваат за тоа кој ќе го замени на ватиканскиот трон папата Бенедикт.

Медиумите во САД, меѓутоа, потсетуваат и на несогласувањето меѓу папата и Обама, за време на нивната средба пред четири години, кога изнеле поинакви ставови за правото на абортус, на кој Католичката црква во целост се противи.

Светските претставници и верските лидери изразија денеска длабоко почитување и разбирање за одлуката на папата да се повлече.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија