Забраната за влез во САД, која американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе за државјаните на седум доминантно муслимански земји, е суверена одлука на САД и не е насочена против ниту една религија, рече денеска министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абдулах бин Зајед.
Зборувајќи на заедничката прес-конференција со својот руски колега Сергеј Лавров, во Абу Даби, Бин Зајед кажа и дека идејата за безбедни зони во Сирија ќе биде поздравена доколку овие зони бидат привремени и за хуманитарни цели, под меѓународно покровителство, пренесуваат британските медиуми.
Зајед, меѓутоа, напомена дека Абу Даби сака да слушне уште детали од Вашингтон, пред да ја прифати оваа идеја.