ОАЕ: Неосновани се тврдењата на Техеран дека сме вмешани во нападот

Од:

Министерот за надворешни работи на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Анвар Гаргаш денеска ги демантираше тврдењата на Иран дека Абу Даби е вмешан во вчерашниот напад во градот Ахваз, при што загинаа 29 луѓе, а над 50 беа повредени.

– Формалното подбуцнување против ОАЕ од страна на Иран е жално и ескалира по нападот во Ахваз. Историскиот став на ОАЕ против тероризмот и насилството е јасен и обвинувањата од Техеран се неосновани, напиша Гаргаш на Твитер.

Техеран за нападот во Ахваз ги обвини арапските сепаратисти како и една „мала“ држава од Персиски Залив.

– САД ги поддржуваат сите мали платенички земји кои ги гледаме во регионот. Нив ги охрабруваат Американците, изјави Рохани пред поаѓањето за Њујорк, каде присуствува на седница на Генералното собрание на ОН.

Американската амбасадорка во Обединети нации, Ники Хејли на таквите обвинувања возврати дека Рохани треба да гледа што му се случува дома, каде Иранците протестираат, дека сите пари кои пристигнуваат во Иран се за војската која го угнетува народот.

– Мислам дека на Иранците им е доста и оти се од тоа доаѓа, истакна Хејли.

Таа додаде и дека „САД го осудуваат секој терористички напад каде било, точка“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он