Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин изразија поддршка за расчистувањето на исламистичките демонстранти во Каиро од страна на полицијата и на армијата.
– Имаме разбирање за суверените мерки преземени од египетската Влада, од која во последно време беше покажана максимална воздржаност.
Изразуваме и жалење поради упорноста на екстремистичките политички групи, кои повикуваат на насилство, се наведува во соопштението на Министерствотот на ОАЕ.
Во соопшетнието се повикува и на национално помирување.
Бахреин истакна дека „мерките преземени во Египет за воспоставување на редот одговараат на барањата на граѓаните, а државата е должна да ги заштити“.
И официјална Манама повика на помирување за да може Египет „повторно да ја преземе улогата на лидер во арапскиот и муслиманскиот свет“.
ОАЕ и Бахреин, како и Саудиска Арабија и Кувајт го поздравија и соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси.
Со исклучок на Бахреин, тие држави финансиски го поддржуваа Каиро по воениот удар.