Обединетите Арапски Емирати објавија денеска дека го намалат нивото на дипломатски односи со Иран и оти го ограничуваат бројот на ирански дипломати во државата.
Блиските сојузници Саудиска Арабија и Бахреин ги прекинаа дипломатските односи со Иран, откако ирански демонстранти ја нападнаа саудиската Амбасада во Техран, незадоволни од одлуката на Ријад да го егзекутира познат шиитски духовен лидер Нимр ал Нимр.
Во соопштение од ОАЕ се додава дека ќе биде отповикан амбасадорот од Техеран.
ОАЕ тврдат дека сега ќе се фокусираат само на бизнис врските со Иран.