ОАЕ ги отфрлија критиките дека не прават доволно за сириските бегалци

Од:

Обединетите арапски емирати (ОАЕ) денеска ги отфрлија критиките дека богатите земји во регионот на Персискиот Залив не прават доволно за справување со кризата со бегалците од Сирија.

Во декларација, владата на ОАЕ наведува, дека се издадени дозволи за престој на над 100.000 Сиријци, кои пристигнале во земјата по 2011 година, како и дека над 242.000 сириски граѓани живеат во моментот во Емиратите, но не се наведуваат детали во какви услови се тие.

Дозволите за престој во ОАЕ, каде странците се четири пати повеќе од локалните жители, најчесто се поврзани со работодавач или со жител на земјата, кој е член на семејството, и не дозволуваат неограничено долг престој во земјата, ниту пак можност за добивање на државјанство.

Освен визи, во декларацијата се наведува дека ОАЕ доделиле над 350 милиони долари за хуманитарна помош и развој од 2012 година во одговор на сириската криза. Со дел од тие средства се спонзорираат кампови за бегалци во Јордан.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија