Нуркач почина при операцијата за потрага по жртвите од јужнокорејскиот ферибот, што потона минатиот месец, соопштија локалните власти.
Како што јави ИТАР-ТАСС, 53-годишниот нуркач паднал во бесознание за време на нуркањето.
Бројот на потврдени смртни случаи во фериботот, што потона на 16 април, веќе изнесува 260, а уште 42 лица и натаму се уште се водат како исчезнати, иако практично нема шанси да преживеале.
На овој начин, реалната бројка на загинати веројатно ќе изнесува 302 од вкупно 476 лица, колку што биле на палубите на фериботот.
ДПА информира дека операцијата на трагање по останатите тела е попречувана од лошото време и слабата видливост што го оневозможуваат влегувањето во потонатиот брод.