„НУПЕС“ го обвинува Министерството за внатрешни работи дека „манипулирало“ со бројките за да го стави мнозинството во водство на парламентарните избори во Франција

Од:

„Тие мамеа“, беа реакциите кои се слушнаа во неделата вечерта и изутринава, по првиот првиот круг од законодавните избори, кои го ставија претседателското мнозинство и Нупес во водство. Врз основа на првите проценки, двете политички партии се впуштија во битка да знаат кој од едната или другата ќе излезе на врвот на овие избори со висок влог. Доцна во ноќта, Заедно! – коалицијата на Макрон според официјалните резултати е многу малку понапред, со 25,75 отсто од гласовите наспроти 25,66 отсто за Нупес-коалцијата на левицата. Тоа е разлика од околу 21.000 гласови, јави дописникот на МИА.

Но, овие бројки не и одговараат на левицата. На тој начин, околу три часот по полноќ, кандидатот на Нупес од Југоисточниот дел, Мануел Бомпар, алармираше „за новата манипулација на Дарманан“.

„Додека Нупес постигнува 6.101.968 гласови (т.е. 26,8 отсто), Министерството за внатрешни работи му дава само 5.836.202 гласа (т.е. 25,7 отсто) за вештачки да направи партијата на Макрон да се појави во водство“, објасни тој, пред да се обрати до Државниот совет.

Пред микрофонот на Франс Инфо изутринава, според екологистот Давид Корман, „тие направиле аптекарска пресметка“, не сметајќи ги сите гласачи кои гласале за Нупес, особено во прекуокеанските територии, каде партиите биле означени со нивната оригинална ознака (социјалисти, екологисти…) или како „различна левица“.

„Тие мамеа. Но, тие веќе мамеа со тоа што одбија да ја стават политичката опција Нупес како изборна коалција во пребројувањето на гласовите, пред тоа да биде наметнато од Државниот совет. Сега подобро разбираме, згора на тоа, зошто“, додаде европратеникот Алексис Корбие, според кој „Бројките од МВР се лажни“

„Ги оспоруваме бројките, и ние сме пред претседателското мнозинство. Рече тој поздравувајќи ги 406-те изборни единици каде што кандидатите на НУПЕС успеаја да се квалификуваат во вториот круг. „Можеме да имаме мнозинство во Собранието“, нагласи тој.

„Математички и политички“, Жан-Лук Меланшон нема да може да стане премиер, според Амели де Моншалан, министер и кандидат за пратеник, бидејќи „ Реалноста во изборните единици е поинаква“.

Министерката за еколошка транзиција, исто така, ги повика гласачите да гласаат следната недела на „референдум против револуцијата“ и против „екстремно леви анархисти“.

Нупес „има информации“ за „скриена програма“ на Емануел Макрон, тврди Оливие Фор првиот човек на социјалистите. Имено Нупес имал „информации за зголемување на ДДВ на одреден број производи“, и „досие во фиоките на Берси“ што би претпоставувало дека Емануел Макрон треба „јасно ги објавува и кажува работите“. „Ако недостасуваат 80 милијарди евра од неговата копија испратена во Брисел за да го претстави сопствениот буџет, каде ќе ги најде?“, се запраша тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт