Нуланд во Букурешт разговараше за стратешкото партнерство меѓу Романија и САД

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, денеска во Букурешт разговараа за проширување на стратегиското партнерство меѓу Романија и САД, напредок во реформирање на судскиот систем и во борбата со корупцијата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Јоханис на средбата со Нуланд ја изразил желбата за продлабочување на стратегиското партнерство не само во воената сфера, туку и на економски план. Тој го поздравил интересот на американските компании и го поттикнал нивното присуство на романскиот пазар, а во овој контекст ја подвлекол и неопходноста од стабилно, транспарентно и предвидливо законодавство за бизнисот.

Романскиот претседател и високо позиционираниот американски дипломат ја разгледале и политичката ситуација во регионот.

Јоханес го потврдил ангажманот на Романија, како земја членка на НАТО, да ги алоцира неопходните средства за адекватна реакција на предизвиците во безбедноста сфера во овој регион на Европа.

Викторија Нуланд денеска во Букурешт се сретна и со премиерот Виктор Понта и министерот за надворешни работи Богдан Ауреску, соопшти Аџерпрес.

На средбите во Букурешт Викторија Нуланд на Романија и искажала благодарност за суштествениот придонес за регионалната, евроатлантската и светската безбедност.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак