Нуклеарната база во Шкотска може да остане британска и по отцепувањето

Од:

Британското Министерство за одбрана ја истражува идејата за задржување на поморската база во Шкотска, како суверена територија на Велика Британија и по евентуалното отцепување на Шкотланѓаните од Обединетото Кралство.

Во нуклеарната база „Фаслејн“ се стационирани британските подморници од типот „Трајдент“, кои се опремени со нуклеарни ракети. Британскиот нуклеарен потенцијал е сместен на шкотска територија од средината на деведестите години на 20 век.

Ваквата идеја се разгледува во Лондон откако е пресметано дека дислоцирањето на базата на британска територија во услови на независна Шкотска, би ја чинело Велика Британија „неколку десетици милијарди фунти“, а таа скапа и долготрајна операција би можела да предизвика и определен воен дисбаланс.

Лондонските медиуми пишуваат дека базата „Фаслејн“ во која сега работат 6.000 луѓе, би можела да го добие истиот статус како и двете британски бази на Кипар.

Сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) остро се спротивстави на ваквата „идеја на Лондон“, обвинувајќи ја британската Влада за „обид за силеџиство“ кон Шкотска.

Во септември идната година, шкотските гласачи ќе треба да се изјаснат на референдум за тоа дали сакаат нивната земја да се отцепи од Велика Британија и да стане независна држава. Приврзаниците и противниците на шкотската независност се судираат и околу иднината на нуклеарното оружје.

Шкотските сепаратисти собрани околу СНП ветуваат дека „независна Шкотска“ ќе се откаже од нуклеарното оружје на својата територија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година