Компанијата Porsche ќе ја претстави новата генерација на моделот Panamera во 2015 година, но тоа не ги спречи да ги објават првите фотографии.
Повеќе детали за сега не се познати, но се шпекулира дека автомобилот ќе има MSB платформа, која ќе биде дел и од идниот Bentley и неколку возила на Lamborghini.
Ќе има и челична и алуминиумска конструкција, така што поради MSB платформата Panamera ќе биде полесна за 91 килограми во однос на моменталниот модел.