Јубилејниот модел на Фиат 500 со 1,2 литарски мотор, со 69 КС, е произведен, по нешто повеќе од пет години од лансирањето.
Инаку, претходникот, првиот Фиат 500, што беше претставен 1957 година, во првите четири годино од своето производство е продаден во 180.000 примероци, а во својата 18 годишна „кариера“ е произведен во вкупно 3,4 милиони примероци.
Освен во Полска, од 2011 година, 500 се произведува и во Толука, Мексико.
Од 2011 година Фиат во САД продаде над 73.000 модели, од што 42.000 се регистрирани во првите девет месеци на 2012 година.
Во Европа, најголемата продажба на моделот 500 имало во 2008 година, со учество од 13,9% во сегментот, а најтиражна година е следната 2009–та, кога продал 186.000 парчиња.