Новата генерација на Ferrari California ќе го исфрли сегашниот атмосферски мотор за сметка на таков со турбо полнење.
Ова тврдење произлезе главно од шпионски фотографии на автомобилот, на кои се гледаат додадените отвори за воздух .Тие се поставени на предниот капак и според бројни изданија тоа е знак дека под него работи мотор со турбо полнење.
Информациите велат дека се можни дури три нови мотори. Веројатно место под капакот на следното Ferrari California ќе најде моќниот V8, но не е исклучено да се нуди и помалиот V6. Потсетуваме дека и двата мотори се дизајнирани и произведени од Ferrari, а испорачуваат 530 и 410 КЅ. Оној мотор за кој се прават претпоставки, е нов 3.8 литри V8 мотор кој ќе нуди 450 КЅ.
За можната појава на мотор со турбо пред извесно време зборуваше и шефот на брендот Амедео Фелиса. Во едно интервју тој рече: „Зошто не и мотор со турбо полнење?! Дури и во САД, каде што до скоро не се признаваше ништо друго освен V8, сега се форсира главно V6 со турбо“.
Освен тоа, од 2014 година болидите во Формула 1 ќе користат мотори V6, а како што знаете Ferrari имплементира во своите сериски автомобили технологии од Ф1. А, турбо полнењето не е новина за Италијанците, F40 користи 2.9-литарски турбо мотор.