Новороденчиња продавани за 570 долари во Египет

Од:
Болничарки и лекар биле вмешани во трговијата со новороденчиња во Египет.
Три години траел овој нелегален бизнис, во кој биле продадени скоро 300 бебиња за по 570 долари.
Полицијата се уште трага по директорот на болницата.
Организираната банда   изведувала и царски рез кај жени на кои им поминал крајниот рок за абортус и кои не сакале да си го задржат бебето. Во замена, на докторите им било дозволено да го продадат новороденчето, најчесто, на брачни двојки кои не можеле да имаат деца.
Посвојувањето е  не легално во Египет, бидејќи некои одредби од семејното право се осврнуваат на исламското право. Некои двојки се обиделе да ги заобиколат овие одредби со купување на деца.
Една американска двојка во 2009 година е осудена на две години затвор откако се обидела да купи дете во едно египетско сиропиталиште.
Абортусот е легален кога е во прашање здравјето на мајката.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет