Новогодишниот концерт на Виенските филхармонија – инструмент на нацистичката пропаганда

Од:

Прославениот концерт на Виенскиот филхармониски оркестар, што традиципнално се одржува на првиот ден од Нова година, носи корени од нацистичката пропаганда, како еден од неговите пропагандни инструменти, покажува најновите истражувања на архивите на овој прославен ансамбл.

Истражувањето што го извршија група угледни австриски историчари открива дека пред и во текот на Втората светска војна безмалку половината од музичарите биле членови на германската нацистички партија, додека 13 музичари Евреи и оние кои биле во брак со Евреи, добиле отказ.

Ова истражување доаѓа по обвинувањата во јавноста дека Виенската филхармонија ги крие податоците за минатото на овој оркестар познат во целиот свет.

Австрија утре ја одбележува 75-годишнина од аншлусот -насилното присоединување кон нацистичка Германија, откако на 12 март 1938 година германската војска навлезе на австриската територија. Со децении Виенската филхармонија не дозволуваше целосен преглед на архивите, откривајќи само определени сегменти.

Отворањето на архивите е извршено по силниот политички притисок и сознанијата дека некои од музичарите-нацисти им се придружиле и на по зло познатите Ес-Ес одреди. Ова е првпат да се видат податоците од кои се заклучува дека виенските филхармоничари имале своја улога во нацистичката пропаганда и во елиминирање на Евреите во оркестарот.

Од избрканите музичари, петмина биле убиени во концентрационите логори, додека другите биле депортирани и никогаш повеќе не се вратиле во Виена.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

Авганистанец уби три жени во Виена

Крвав Божиќ во Виена: Србин со нож рани жена, го претепа и нејзиниот син

Горан Наумовски

Во Австрија уапсени четири лица кои планирале напади на црква и катедрала