Новогодишна прослава во Њујорк и покрај рекордниот број заразени

Од:

Новогодишната прослава на Тајмс Сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени со Ковид-19, потврди денеска градоначалникот Бил де Блазио.

– Сакаме да покажеме дека одиме напред и сакаме да му покажеме на светот дека Њујорк се бори на овој начин, изјави Де Блазио, на кого утре му е последен ден на функцијата.

Додека некои американски градови, како што е Атланта, ги откажаа новогодишните прослави, Де Блазио истакна дека високата стапка на вакцинација против Ковид-19 во Њујорк го прави возможно одржувањето на традиционалната новогодишна прослава на Тајмс Сквер, но под строги мерки.

Како што беше претходно прецизирано, просторот за публиката која вообичаено прима околу 58.000 луѓе ќе биде ограничен на околу 15.000 за да се овозможи поголема дистанца, а сите присутни мора да покажат доказ за вакцинација и да носат маска.

Идниот градоначалник, Ерик Адамс, ќе положи заклетва на Тајмс Сквер во сабота наутро, а планира да одржи прес-конференција подоцна денеска за да го претстави својот план за борба против пандемијата.

Поради ширењето на сојот омикрон, бројот на нови случаи на Ковид-19 во САД достигна рекордно ниво, односно над 265.000 дневен просек.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер во Њујорк, се стравува дека има жртви

Горан Наумовски

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски