Новиот претседател на ДР Конго положи заклетва

Од:

Новиот претседател на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди денеска положи заклетва и порача дека земјата нема да биде држава на „поделби, омраза или племиња“.

Досегашниот опозиционер Чисекеди, беше избран за претседател на изборите чии резултатите беа оспорени од неговите кандидати, но и од дел од меѓународната заедница.

Чисекеди изјави дека оваа централноафриканска држава е „на прагот на новата ера“ и повика на една минута молк во знак на сеќавање, како што рече, за соборците кои загинаа борејќи се со децении за демократија.

И покрај тоа што остануваат отворени бројни прашања за регуларноста на изборите одржани на 30 декември, мнозинството граѓани на ДР Конго ја прифатија победата на новиот претседател, во надеж за мир во земјата.

Чисекеди на функцијата го наследи Џозеф Кабила, кој државата ја водеше од 2001 година. Кабила ја повика државата да се обедини во давањето поддршка на новиот лидер.

Ова е прва мирна промена на власта во ДР Конго откако пред 60 години земјата стекна независност од Белгија.

Би можело да ве интересира

Десетици загинати во напад на рудник за злато во ДР Конго

ВИДЕО: Најмалку 15 мртви и 170 исчезнати деца по ерупцијата на вулканот во Конго

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Паника во Конго, еруптираше еден од најактивните вулкани во Африка

Хуманитарци ангажирани од СЗО обвинети за сексуално злоставување во ДР Конго

Жарко Настоски

ЕУ подготвена да соработува со новиот претседател на ДР Конго

Наум Локоски

Сомнежи во изборните резултати во ДР Конго

Наум Локоски