Новиот полски претседател Анджеј Дуда денеска стапува на должноста

Од:

Денеска заклетва ќе положи и на должноста ќе стапи новиот полски претседател Анджеј Дуда, пренесува БТА.

На изборите во мај кандидатот на опозициската конзервативна партија „Право и правда“ во вториот круг го победи претседателот Бронислав Коморовски, добивајќи ја поддршката од 51,55 отсто од избирачите, потсети ТАСС.

Давањето заклетва ќе се одржи во Сејмот, Долниот дом на полскиот Парламент.

По оваа церемонија Дуда ќе положи цвеќе во Сејмот пред спомен плочите на парламентарците кои загинаа во авионската несреќа во Смоленск и за време на Втората светска војна.

Претседателската двојка потоа ќе присуствува  на молебенот во главната катедрала во Варшава, а оттаму ќе замине за Кралскиот замок, каде Дуда ќе ги добие претседателските инсигнии.

Попладнево тој ќе пристигне во претседателската палата каде ќе му одаде почит на претседателот  Лех Качински и неговата сопруга Марија, кои загинаа во авионската несреќа на 10 април 2010 година кај рускиот град Смоленск. Попладне тој на плоштадот „Пилсудски“ ќе го преземе и командувањето со полските  вооружени сили.

Дуда (44) ја почна својата предизборна кампања со уверенноста дека ќе биде претседател на сите Полјаци. Неговото доаѓање на претседателската должност ќе ја стави пред нови предизвици сегашната Влада, коментираат набљудувачите. Иако се очекува да политички неутрален, тој вети дека ќе ги отфрли сите предложени закони, кои имаат за цел да ја променат земјата. Дуда, исто така, јасно порача дека нема намера да се ограничува единствено на своите церемонијални задачи и дека е подготвен „да на прероди републиката“.

Како претседател тој ќе има право на вето врз законите, донесувани од Парламентот, а, исто така, да предлага свои законски проекти, посочува ДПА.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази