Новиот полски министер за надворешни работи бара санкциите против Русија да останат

Од:

Новиот министер за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски ја поздрави соработката меѓу Русија и Западот во борба против групата „Исламска држава“, но истакна дека интересите на Украина не може да бидат жртвувани како награда за Москва.

Вашчиковски нагласи дека санкциите против Русија треба да останат, додека Москва не ги исполни обврските од договорот од Минск за Украина.

– Нема да тргуваме со Украина за помош од Русија во решавање на сирискиот конфликт или во борбата против ИД, изјави тој, додавајќи дека ќе продолжи да бара спроведување на санкциите, бидејќи нема напредок во спроведување на договореното од Минск.

Вашчиковски е дел од новата влада во Варшава.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата