Новиот кубански Устав ќе гарантира право на приватна сопственост

Од:

Кубанските комунистички власти почнаа да го дистрибуираат во јавност текстот на новиот предлог Устав, во кој се предвидува гарантирање на правото на приватна сопственост, не се спомнува дека Куба е комунистичка држава и се признаваат истополовите бракови.

Текстот воедно предвидува ограничување на бројот на мандати на претседателот на Куба на само два, за разлика од досега кога шефот на државата имаше право на неограничен број мандати.

За едно пезо граѓаните ќе можат да купат примерок на Уставот и да се запознаат со текстот, по што ќе отпочне процес на средби на граѓаните и консултации. Се очекува по овој процес, текстот да биде ставен на референдумско изјаснување.

Предлогот веќе беше прифатен од страна на кубанскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ