Новиот италијански премиер ја повика Европа да му даде предност на растот, пред рестрикциите

Од:

Новиот италијански премиер Енрико Лета ги повика денеска европските земји да му дадат приоритет на економскиот раст, пред намалувањето на долгот и додаде дека неговата Влада смета оти Европа има потреба од зајакнување на интеграцијата со цел да се справи со кризата.

Лета ја избра Германија за својата прва официјална посета во странство и тој пристигна во Берлин неколку часа откако беше одобрен и од Сенатот.

– Сторивме се што е потребно за да ги доведеме во ред финасиите и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Но Европа треба да применува политики, кои го стимулираат растот, рече Лета на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Меркел е еден од најголемите приврзаници на структурните реформи, намалувањето на трошоците и на дефицитот во Европа. Таа призна дека Италија веќе постигнала одреден напредок, но истакна дека стремежот кон економски раст треба да соодветствува со подобрувањето на состојбата на јавните финансии.

– За нас во Германија консолидацијата на буџетот и растот се два елементи, кои не се спротивставени, а кои треба да се развиваат заедно, за да ја зацврстат конкуретноспособноста и да создаваат повеќе работни места, рече Меркел.

Таа додаде дека растот не може да биде инициран само од владите, тукутреба се потпира и на инвестициите од приватниот сектор. Италија, која е трета по големина економија во еврозоната, со години страда од анемичен раст и сега е во рецесија.

Невработеноста изнесува 11,5 отсто и речиси 40 проценти од младите луѓе под 25 години се без работа. Висината на долгот достигна 120 отсто од Бруто домашниот производ.

Италијанскиот премиер денеска ја продолжува европската турнеја со посетите на Франција, каде ќе разговара со претседателот Франсоа Оланд, а потоа заминува за Брисел.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски